Вести Свет Топ вести

Украинското жито ги скара Варшава и Киев- прекината воената помош за Украина

Европската забрана за увоз на украинско жито во Полска, Унгарија и Словачка, која трите земји еднострано ја продолжија откако таа истече на 15 септември, успеа да го налути најголемиот сојузник на Киев, Варшава која одлучи да ја прекине воената помош за Украина.

Забраната беше воведена затоа што трите земји стравуваа дека увозот на украинско жито ги руши цените и причинува штета на домашните производители, но откако таа истече Европската комисија одлучи да не ја продолжи. Украина, чувствувајќи дека ѝ била нанесена неправда, одлучи да покрене официјална жалба пред Светската трговска организација, што дополнително ја налути Полска. Полскиот претседател Анжеј Дуда Украина ја спореди со давеник, кој обидувајќи се да се спаси себеси го повлекува надолу и спасителот.

  • „Украина се наоѓа во навистина тешка ситуација соочувајќи се со руската инвазија, и затоа се обидува со сите познати трикови. Може ли да ја обвинуваме Украина за тоа? Секако дека можеме. Треба ли да превземеме мерки за да се заштитиме себеси да не бидеме удавени и самите од давеникот? Секако дека треба да превземеме мерки, бидејќи ако давеникот нѐ удави и нас, тогаш нема да може да биде спасен“ – Анжек Дуда – Претседател на Полска

Спорот стигна дотаму што полската влада одлучи да ја прекине воената помош за Украина, иако е еден од најголемите подржувачи на земјата од почетокот на инвазијата, донирајќи ѝ дури една третина од сопствените воени залихи и арсенал. Покрај тоа, Полска беше предводник на дипломатската офанзива за убедување на Германија да ја зголеми својата помош за Украина, испраќајќи ги многу посакуваните Леопард 2 тенкови, како и за американските ловци. Покрај воената помош, Полска прифати и 1,5 милиони украински бегалци, голем број од кои не се вратија во Украина.

Имајќи го сето ова во предвид, револтираниот полски премиер Матеуш Моравиецки се закани дека ако Украина продолжи со ескалација на спорот, Полска ќе ја проширува листата на прехранбени производи чиј увоз ќе биде забранет во земјата.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе