Вести Македонија Топ вести

Фејсбук војната во ВМРО-ДПМНЕ го подели и членството

3.500 лајкови за Мицкоски наспроти 2.700 за Груевски. Фејсбук војната меѓу актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ го подели и членството. Во коментарите едни му даваат поддршка на првиот, други на вториот, трети бараат да не се караат како жени на сред село и да ги тргнат суетите на страна затоа што „раздорот оди во корист на непријателот“.

Пратеници и градоначалници продолжуваат со јавна поддршка за актуелниот претседател, а на негова страна застана и премиерот со најмал стаж, Емил Димитриев. Заседаваат партиските тела, а Мицкоски кој тврди дека партијата никогаш не била пообединета денеска сепак испрати порака и до членството.

Со последниве случувања, според Мицкоски, како меур од сапуница е распрсната и лажната кампања на СДСМ дека политиката на партијата се диктира од Будимпешта. Тие, пак, и денеска повикаа да бидат изземени од пресметката.

Политичкиот циркус почна со донесувањето на измените на Кривичниот законик кои разгореа шпекулации дека треба да обезбедат и тивка амнестија за поранешниот премиер во замена за поддршка за уставните измени. Дополнително се разгоре со интервјуто на Ахмети во кое тој зборуваше за средби со Груевски. Кулминираше со тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека поседуваат и документи за средби и преписка на Груевски со лица од актуелната власт.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе