Вести Македонија Топ вести

Два предмета на скопското обвинителство деновиве сопрени поради измените на Кривичниот законик

Два предмета на скопското јавно обвинителство деновиве запреле во Кривичниот суд поради измените на кривичниот законик. Според информациите од обвинителството, двата се воделе за ставот три од кривичното дело злоупотреба на службената положба кој до сега предвидуваше казна затвор од најмалку 3 години до максимални 20 а со измените највисоката казна е до 4 години. Оваа измена придонесе неколкукратно да се скрати периодот на застарување, па со новата состојаба овие предмети се веќе одамна застарени за гонење.

Сѐ уште нема запрен предмет на Обвинителството за организиран криминал под чија надлежност е Ставот 5, кој се однесува на јавните набавки а кој беше избришан. За утре е закажан предметот „Траекторија“ за кинеските автопати, каде тројцата обивнети екс функционери Пешевски, Јанакиески и Георгиевски одговараат токму по овој став, но неизвесно е дали обвинителката Лиле Стефанова уште утре ќе иницира запирање на постапката или ќе чека официјално да застари за две недели.

Груевски во овој предет одговараше за друго дело кое е застарено од претходно. Предметот „Траекторија“ прв пат влезе во судница во декември 2017. Првиот судија беше разрешен поради што еднаш се врати на почеток.

Колку предмети ќе застарат за сега институциите не објавија официјална бројка. Како што ќе доаѓаат на судење предметите така обвинителите ќе предлагаат а судиите ќе одлучуваат за секој предмет поединечно.

И додека новинарите и невладините бројат колку предмети за корупција ќе згаснат, кој ќе помине полесно, колкави ќе бидат трошоците од долгоготишните судења, министерот за правда Кренар Лога  и две недели по измените на Кривичниот законик не застанува пред камерите. Денеска говореше на настан посветен на владеење на правото, но ги избегна новинарите кои имаа повеќе прашања за него.

Министерот за правда изминатиот период со јавноста секојдневно коминуцира преку соопштенија и фејсбук статуси. И денеска пристигна соопштение дека Лога присуствувал на последниот состанок на работната група која го подготвува новиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка. Законот е интересен за јавноста поради бројните проблеми и дилеми поради неефкасната конфискација.

Со овој закон ќе се оневозможи располагање со имот и имотна корист која не може да се докаже дека е стекната од законски извори што ги прави противправните дејствија неисплатливи и овозможува ефективна борба против криминал и корупцијата, стои во сооптението.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе