Вести Македонија

Претседателот Пендаровски денеска ќе говори пред делегатите во Советот за безбедност на ОН

Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи македонската државна делегација на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност, на отворената дебата на тема: „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на мирот и безбедноста на Украина“.

На седницата е најавено учество и на претседателот на САД, Џо Бајден и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Доцна вечерва по македонско време претседателот Пендаровски ќе присуствува на приемот по повод одбележувањето на 30–годишнината од основањето на Чешката и Словачката Република и 30-годишнината од членството на двете држави во Обединетите Нации, што ќе го приредат претседателите Петр Павел и Зузана Чапутова, соопштуваат од кабинетот на Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе