Од денеска нови цени во маркетите, но и со нив буџетот на граѓаните тенок. Реагираат изминатиот период пораснале премногу за да може да се почувствува бенефит од мерката. Денеска во дел од маркетите има намалувања, но производите кои се поевтинети утрово останаа без назнаката „Гарантирана цена“ што пак дополнително ги збуни потрошувачите. Но, од економија велат дека ќе им дозволат на маркетите во текот на денот да ги залепат ознаките, затоа што одлуката од влада била доцна синоќа испратена во Службен весник.
Во некои продавници поевтини се јајцата и млечните производи, за десет денари, исто и дел од тестенините се намлени за 10 денари.
Бектеши вчера го објави списокот и рече ако му дозволува агендата и самиот ќе прави проверки.