Вести Македонија

Украинец се обидел да прошверцува во земјава опрема за детектирање на метал, воени шлемови, кубури и други антиквитети

Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, се запленети на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински службеници при спроведена детална контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин.

Како што информираат од Царинската управа, во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три стандардни и еден мал детектор за метал, двоглед, седум војнички шлемови, мини стругалка, два стари револвери – кубури, една аукциска книга, лупа, мини дрон, како и препарирана глава од алигатор.

Контролата на возилото е извршена поради основано сомневање во исказот на патникот, кој на прашање на царински службеници одговорил дека нема ништо за пријавување. Лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и според нивните искази планирале подолго да се задржат во нашата држава. Стоката е привремено задржана, со што е спречена можноста за нејзина употреба и вршење нелегални активности на територија на Република Северна Македонија. Против лицето е поднесена пријава за сторен царински прекршок, соопшти Царинската управа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе во Дубаи

Дејан Дејан

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Дејан Дејан

Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе