Вести Македонија Најважни

Најголемиот донатор на ДУИ, фирмата „Еуровија“ доби уште еден милионски тендер

Фирмата „Еуровија ДООЕЛ Желино“ e избрана на уште еден милионски тендер. Ќе регулира дел од одводен канал во Арачиново. На тендерот на Министерството за животна средина се пријавиле уште две други фирми, но донаторот на ДУИ дал најповолна понуда.

Со добиените пари на тендерот друштвото за градежништво, трговија и услуги „Еуровиа“ ќе регулира дел од одводниот канал во Арачиново, услуга која ќе ја чини државата 1.038.833 евра. Понуда на тендерот на Министерството за животна средина и просторно планирање дале и фирмите  „Вардарградба“ од Трубарево и „Ленди груп“ од Скопје, но сепак одлуката паднала на Еуровија.

Оваа компанија во последен период добива најголем дел од тендерите кои ги распишуваат институциите. Ангажирана е за 1,8 милиони евра да го преуреди просторот во спортскиот центар Борис Трајковски, а исто така за околу 4 милиони евра ја гради полициската станица Аеродром, и е ангажирана за расчистување на автопатиштата. Избрана и за подизведувач во изградбата на коридорите 8 и 10д од страна на американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со кого владата пред околу 6 месеци потпиша договор вреден над милијарда и 300 милиони евра.

Еуровија стана позната во јавноста и како фирма која лани била најголем донатор на политичката партија ДУИ, додека извршувала јавни работи за државата, што пак е спротивно на законот за финансирање на политички партии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе во Дубаи

Дејан Дејан

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Дејан Дејан

Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе