Вести Македонија

Благ пораст на ковид позитивните случаи

Расте бројот на Ковид позитивни пациенти, алармираат матичните лекари. Според нив загрижувачки е што во аптеките недостасуваат брзи тестови кои би било потребно во најскоро време да се набават, доколку имаме предвид дека пациентите многу ретко  се одлучуваат за ПЦР тест во пунктовите на Центарот за  јавно здравје. Во меѓувреме според податоците на Центарот за јавно здравје-  Скопје најголем број на Ковид позитивни пациенти се во општините Карпош и Аеродром.

  • Во изминатиов период се забележува благ пораст на бројот на тестирања. Во текот на вчерашниот ден сме имале 18 тестирања од кои 8 биле позитивни. Доминираат пациенти од општините Карпош и Аеродром. Додека во текот на денешниот ден до овој момент се тестирале 23 пациенти, чии резултати ќе бидат готови утре- Бесим Зекири, директор на Центар за јавно здравје.

Во моментов на Инфективната клиника во Скопје хоспитализирани се  шест повозрасни пациенти позитивни на Ковид -19  со тешки коморбидитети. Расте бројот на пациенти во клиничката амбуланта, каде се евидентирани 10 позитивни на Ковид кои се на домашно лекување.

Во текот на утрешниот ден се очекува Комисијата за заразни болести да одржи состанок, по кој ќе бидат соопштени заклучоците. Според податоците на Институтот за јавно здравје во месец август во Македонија  пријавени се вкупно 112 случаи на Ковид- 19. Во однос на претходниот месец јули 2023- та година се регистрира зголемување на бројот на пријавени од Ковид -19 за 4,6 пати. Во Македонија се уште не е регистриран новиот сој на Ковид- 19, познат како Пирола или БА 2.86, кој во регионот се повеќе се шири.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе