Вести Свет

Напад врз една земја, ќе се смета како напад врз сите – Мали, Буркина Фасо и Нигер формираа воен сојуз

Три западноафрикански држави во кои на власт се воени хунти – Нигер, Мали и Буркина Фасо формираа безбедносен сојуз, со ветување за меѓусебна помош и поддршка во случај на бунт или надворешна агресија.

„Секој напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на една или повеќе договорни страни, ќе се смета за агресија на сите“, се наведува во Повелбата на пактот познат како Сојуз на државите од Сахел, пренесува „Ројтерс“.

Во документот се наведува дека државите ќе си помагаат меѓусебно „поединечно или колективно, вклучително и со употреба на вооружени сили“.

Мали, Нигер и Буркина Фасо, заедно со Чад и Мавританија, беа дел од здружените сили Г5 на Сахел кои имаа поддршка од Франција. Но, Мали ја напушти организацијата по воениот удар во земјата, а соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум во мај изјави дека „силите се мртви по заминувањето на Мали“.

Франција беше принудена да ги повлече своите трупи од Буркина Фасо и Мали. Официјален Париз е во тензични односи и со хунтата во Нигер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе