Вести Македонија Топ вести

Сашо Мијалков дојде на јавна седница во Апелација за „Титаник 2“, предмет кој не е засегнат од измените Кривичниот законик

Денеска во скопска апелација се одржуваше јавна седница за предметот „Титаник 2“ против Сашо Мијалков,  Мендух Тачи и екс членовите на ДИК.  Но овој предмет не е засегнат од последните измени од Кривичниот законик.

Обвинението и двете постапки се водеа за делото злоупотреба на службената положба за сите освен за Мијалков но, во завршните зборови во повторената постапка обвинителството го преквалификуваше во делото за повреда на изборачкото право кое застарува подоцна.

Екс директорот на УБК, Мијалков, одговара за „Примање награда за против законито влијание“ и нему гонењето му застаре уште во март годинава па неговиот адвокат Шврговски побара судот да констатира апсолутна застареност и да донесе одбивателна пресуда.

Другите обвинети и адвокати ја анализираа и напаѓаа првостепената пресуда и очекуваат Апелација која еднаш веќе ја укина пресудата на кривичен овој пат да донесе ослободителна пресуда.

Бидејки по втор пат предметот доаѓа пред второстепениот суд, апелациските судии не можат да го вратат назад во Кривичен. Можат да ја потврдат или преиначат првостепенатa пресуда.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Странските туристи се враќаат во Македонија

Дејан Дејан

Пред пратениците предлог измените на Изборниот законик

Дејан Дејан

ДЗР: ЕЛЕМ ТУРС со големи загуби и застарени капацитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе