Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија поднесе Преставката и Барање за итно посатпување на Народниот правобранител на Република Македонија.
Истече рокот за одоговор од Министестрството за здравство, како и нејаснотиите зошто се уште нема ни ленти ниту глукомери, согласно новиот договор за набавка на истите за 44.000 лица со дијабетес, а делење на минимална и дискриминаторски на ленти од веќе завршениот тендер под наслов Донација.
Како што соопштуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари преставката денеска ќе биде поднесена електронски, а од понделеник и по писмен пат.
Претходната тендерска набавка беше со важност до 31.12.2022 година, следната требало да биде распишана два месеци однапред, до тоа не дошло од кои причини не сме официјално запознаени, се доцнело до месец април и поради сите тие причини пациентите со дијабетес се оставени без неопходните глукомери и ленти од 01.01.2023 година до денес односно 9 месеци, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија.
Инаку сојузот ги обединува локалните здруженија на лицата со дијагноза ДИЈАБЕТЕС тип1 и тип2 на територијата на Република Северна Македонија.