Правилната употреба на КАТО системот може комплетно да ги спречи малверзациите со терапијата, вели поранешниот лекар на онкологија Милан Ристовски.
КАТО е само софтвер, да се разбереме. Системот на безбедно и правилно ракување, подготвување и издавање на терапијата не е само софтвер, тој е и хардвер. Тоа е цел еден сет на препораки и начин на движење на лекот, и начин на движење на персоналот. Начин на којшто одреден дел од персоналот доаѓа до одрдено место и понатаму не смее да влезе, вели д-р Ристовски.
Според него, причината зошто тој сѐ уште не се користи е политички реваншизам.
Не е само тоа. Значи имате акцелератори на кои ниту еден пациент не бил зрачен, имате и пропаднат апроект за клинички центар за кој што треба сега да плаќаме 20 милиони во пенали, вели д-р Ристовски.
Ристовски го отфрли тврдењето на поранешниот директор на клиниката дека одржувањето на системот за подготвување на терапијата со изолатори. Вели дека изолаторите се многу покомплексни машини, но нивното одржување се состои од промена на филтри на одредено време.