Вести Македонија

На онкологија има терапии кои што магично се појавуваат и исчезнуваат, обвинуваат пациентите

Сакаме да се дознае вистината и да го обелиме образот на чесните луѓе кои чесно работат на Клиниката за онкологија, порачаа активистите кои секојдневно протестираат за решавање на случајот со цитостатици на онкологија. Во вечерашното издание на Топ Тема на Телма, порачаа дека сите онколошки пациенти се исплашени.

Сите сме исплашени, што сме примиле, како сме примиле, ние се бориме вистината да излезе, за да моќеме понатаму да си ја посетуваме таа институција, рече Анжелика Колева која се лекува на клиниката.

Токму од таа причина инсистирале Обвинителството да прифати четворица онколошки пациенти да бидат постојано информирани за текот на истрагата.

Нивната задача е, ајде да речеме во јавното обвинителство некој да ги потсетува дека ние сме живи луѓе, со дијагноза која што сама по себе е стресна и бара борба, и да има луѓе кои што едноставно сметавме дека ако има луѓе кои што се тотално независни и единствена работа која што не спојува е онкологија, дека она што ќе се презентира пред нив како истрага, ќе помогне и побрзо да се реши случајот и нема да останат недоречености, рече Ана Марјановиќ, која исто така се лекува на клиниката.

Д-р Милан Ристовски, онколог и поранешен вработен во Клиниката за онкологија, смета дека треба прво да се почека комплетирањето на истрагата затоа што во моментов располагаме со многу малку информации.

Што е тоа што ќе го продавате на црниот пазар. На црниот пазар се бараат скапи лекови. Сестрава што е фатена е фатена со некои ужасно ефтини лекови што навистина е нон сенс некој да помислува да ги краде. Нема понета во виала што чини 600 денари. Најверојатно тука се некои други психолошки моменти, поврзани си психа е не желба за збогатување, претпоставувам. Меѓутоа теоретски е возможно, е сега праклтично зошто тоа некој би го направил, смета д-р Ристовски.

Марјановиќ тврди дека пациентите кои со години се лекуваат на клиниката точно знаат кога и кои лекови недостасувале.

Таму има одредени терапии кои што магично се појавуваат и исчезнуваат од онкологија. Херцептинот на пример, ни е доста познат, имавме ние периоди со хецрептинот, вие тргнувате – стигнувате, го нема, вие си одите доаѓа друга, се јавува „како го нема, мене ми го додоа“. Утредента го нема, па повторно се јавува, и од таа причина сметаме дека е клучно, и затоа застанавме пред јавното обвинителство. И затоа тие приказни се многу значајни за обвинителството, инсистира Марјановиќ.

Според д-р Ристовски ваквиот начин на издавање на терапија создавал простор да се бараат врски или да се купуваат скапи лекови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите разговараат за пополнување на правната празнина за независните кандидати

Дејан Дејан

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Дејан Дејан

Стокер: Денеска е најцрниот ден во историјата на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе