Вести Свет Топ вести

Храна за оружје, дали ќе падне договор меѓу Ким и Путин

Сè беше тивко долж границата меѓу Северна Кореја и Русија, додека возот со кој патуваше севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун го сечеше пејзажот по течението на реката Тумен. Ким се качи на неговиот личен воз врера попладне, придружуван од неодреден број членови на владејачката партија во земјата. Во делегацијата најверојатно е неговиот министер за надворешни работи, Чое Сун Хуи, и неговите двајца високи воени функционери. Тој денеска треба да се сретне со рускиот претседателот Владимир Путин но точната локација и времето не се открива. Путин е во Владивосток на далечниот исток на Русија, кој е на околу 200 километри од границата со Северна Кореја. Таму на Источниот економски форум ја истакна важноста на соработката со азиско-пацифичките земји. Најави тројно зголемување на производството на течен природен гас во следните седум години.

  • До 2030 година, производството на ЛНГ на рускиот Арктик треба да се зголеми тројно на 64 милиони тони годишно. Во овој поглед, беше донесена фундаментална одлука за лансирање на нови линии за ЛНГ во центарот Мурманск за работа на арктичките полиња. Се разбира, тоа ќе направи огромен придонес за развојот на нашите северни региони и зајакнување на технолошкиот суверенитет на Русија, изјави Путин.

И покрај замрзнатите девизни резерви од страна на Западот, Путин тврдќи дека Русија заработила „двојно повеќе“. Тој истакна дека негативните последици „неизбежни ќе се случат“ и дека „веќе им се случуваат“ на земјите што воведоа такви мерки против Русија.

  • Факт е дека нашите златни и девизни резерви беа замрзнати – но ние веќе заработивме двојно повеќе. Не се работи за овие 300 милијарди, туку за поткопување на довербата во оние што го прават ова, уништување на довербата во нив. Истото се случува и во трговијата, во ограничувањата поврзани со трговијата. Затоа, Господ знае, но тие се самите виновни што таквите негативни последици неизбежно ќе им се случат. Тие веќе се случуваат, рече Путин.

Аналитичарите од САД велат дека Москва сака оружје од Пјонгјанг за војната во Украина. Северна Кореја во меѓувреме сака помош во храна и можеби технологија за да и помогне на нејзината забранета нуклеарна и ракетна програма. Ова е прво патување на Ким во странство по четири години – тој последен пат се сретна со Путин лице в лице во 2019 година.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Над 94 милиони евра стекнати спротивно на законот- МВР ја објави кривичната пријава за групата на Крмзов

Дејан Дејан

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе