Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Невремето „Даниел“ донесе екстремни временски неприлики во Грција

Екстремните временски појави со обилен дожд, молњи и силен ветер што ги донесе невремето Даниел во Грција, продолжуваат и денеска во повеќе делови на земјата, а противпожарната служба за 24 часа примила над 1.100 повици за помош.

Во градот Волос што вчера беше најпогоден од невремето, предизвикана е голема материјална штета на патната инфраструктура, но и на објекти, едно лице го загуби животот, а едно е исчезнато, додека пак синоќа беше евакуиран дом за стари лица.

Во поширокиот регион на градот, односно во областа Магнисиа во сила е забраната за движење, откако жителите добија порака од бројот 112 за итни случаи, а иста порака утрово беше испратена и до сите оние кои се во Кардица во централна Грција.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека од вчера наутро, заклучно со 6 часот утрово примиле 1.196 повици за помош и над 250 лица во различни области зафатени од невремето, со помош на пожарникарите биле пренесени на безбедни локации.

Според порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, вчера била регистрирана рекордна количина дожд на дневно ниво во изминатите најмалку 17 години.

Кусо пред 21 часот синоќа во областа Загора во Пилио паднале 754 милиметри дожд, во моменти кога просечно во Атина годишно се регистрираат 400 милиметри.

Невремето „Даниел“, според најавите од метеоролозите, се очекува да трае до утре.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе