Спорт Фудбал

Саутгејт се повлекува по Еуро 2024, Гвардиола можен наследник

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, Герет Саутгејт по Европското првенство што ќе се одржи следната година ќе се повлече од селекторската функција во репрезентацијата на Англија.

Актуелниот договор на Саутгејт со Фудбалската асоцијација завршува токму по Еуро 2024 и тој најавил дека без разлика на постигнатиот резултат нема намера да ја продолжи соработката.

По оваа најава на Саутгејт, челниците на ФА веќе почнале да размислуваат за можниот наследник и како најсериозен кандидат се споменува Жозеп Гвардиола, а во конкуренција се уште Еди Хау, Грем Потер и Брендан Роџерс, а како евентуален кандидат се потенцира и сегашниот менаџер на Челзи, Маурисио Почетино.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе