Експо 2030-та го донесе градоначалникот на Рим во Скопје. По низата средби со градски и владини претставници и потпишани меморандиуми за соработка, Гуалтиери стави акцент и за неговите идни политички амбиции.
Пред медиумите порача дека Скопје и Рим се соочуваат со исти предизвици.
Освен за градските теми со неговите македонски домаќини разговарале и за европската иднина на државата.
„Беше одлична посета, мило ми е дека имав можност да ја сретнам градоначалничката на Скопје, министерот за надворешни работи, заменик премиерот за да продискутираме за проектот Експо 2030 во Рим, да превземеме конкретни чекори за нашата соработка помеѓу Рим и Скопје, помеѓу Италија и Северна Македонија. Потпишавме меморандум за соработка помеѓу Рим и Скопје во бројни области, култура, административна и бизнис соработка бидејќи се соочуваме со исти предизвици и имаме многу да си кажеме едни на други. Исто така постои голем потенцијал за туристичка размена и економска соработка помеѓу Италија и Северна Македонија, помеѓу Рим и Скопје. Им ја претставивме кандидатурата на Рим, која исто така беше поддржана од европските институции, ние би сакале да имаме нов вид на Експо 2030, Експо кое ќе биде комплетно самоодржливо, Експо во кое ќе им дадеме видливост на сите држави, мали и големи, Експо на кое павиљонот на Северна Македонија ќе пружи огромни можности за поголема видливост, економски обрт бидејќи се разбира дека ова Експото во Рим ќе биде најпосетено во споредба со другите градови-кандидати, а исто така би сакале да изградиме Експо кое гледа кон иднината, Експо кое ќе остане, ќе го поддржиме градењето павиљони. Ние ќе им дадеме можност на сите да го задржат своето присуство, секако и Северна Македонија ќе може таму да го задржи своето присуство во иднина“, вели Роберто Гуалтиери, градоначалник на Рим за Телма.