Вести Македонија

Во кои предмети се одложувале судски рочишта поради отсуство на јавни обвинители – Јовески со писмено барање до Судски совет

Во кои предмети биле одложувани судските рочишта повеќепати поради отсуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) или од Основното јавно обвинителство Скопје, на кои датуми биле закажани одложените рочишта во секој од предметите поединечно и со какво образложение го оправдале своето отсуство надлежните јавни обвинители.

Ова се трите прашања на Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во писменото барање до Судскиот совет преку кое бара детална информација по 452-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија, на која беше разгледан и усвоен извештај од работна посета на Основен кривичен суд Скопје.

„Ваквата информација е неопходна итно, со цел да се овозможи законска обврска за надзор над законитото и навремено извршување на јавнообвинителската функција, согласно принципот на хиерархија и субординација во Јавното обвинителство“, наведува Јовески во писмото до Судскиот совет.

Притоа Јовески потсетува на Правилникот за оценување на јавните обвинители во кој ажурноста и ефикасноста се еден од основните критериуми.

„Согласно Законот за јавно обвинителство, пак, на јавен обвинител може да му биде поведена постапка за сторена дисциплинска повреда доколку пропушта да се јави или неоправдано доцни на закажаните расправи или седници пред судот. Доколку јавниот обвинител без оправдани причини не постапува во предметите во пропишаните законски рокови поради што значително се одолговлекува постапката или настапила застареност на кривично гонење, тоа претставува основ за да биде поведена постапка за потешка дисциплинска повреда“, стои во писмото на Републичкиот јавен обвинител.

Јовески, воедно, од основните јавни обвинители на ОЈО ГОКК бара да одржат итни колегиуми на кои ќе се укаже на останатите јавни обвинители од соодветните јавни обвинителства оти повеќекратно отсуство од судски рочишта ќе биде основ за поведување на итни дисциплински постапки против оние за кои ќе се утврди дека неоправдано отсуствувале од рочиштата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв состанок за Украина без САД – Зеленски бара поголема помош

Дејан Дејан

СДСМ: Зошто на Љутков му се дозволува вакво аздисување и злоупотреба на парите на граѓаните?

Дејан Дејан

Кривичниот суд соопшти дека обвинителниот акт за случајот поврзан со Онкологија е одобрен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе