Претседателот на Судски совет не го коментира, туку го покани на седница, министерот за правда кој периодов често преку соопштенија и изјави го става на тапет ова тело. Министерот за правда е член по функција и треба да бида активен во решвање на проблемите, му порача Георгиев.
Работата на кумановскиот суд предводен од претседателката Снежана Манев и пропустите во функционирање на АКМИС-от се меѓу главните забелешки во прозивките на релација Лога-Судски совет.
Разгледувањето на извештајот за овој суд завчера беше одложено за да се дополни, а сѐ уште не е готов ниту извештајот за Управниот суд, кој перидов е во фокусот на јавноста поради анонимните кривични пријави за претседателот на судот Бурим Сејдини за злоупотреби со АКМИС-от.
Судскиот совет вчера формирал и комисија за барањето за утврдување одговорност за Сејдини, откако на почетокот на лето оваа точка беше одложена се чекаше да се докомплетира советот. Но и понатаму е празно местото за член од Врховниот суд откако пропадна последниот оглас на кој не се пријавил ниту еден судија. Герогиев очекува дека на следниот оглас ќе има заинтересирани судии од највисокиот суд.
На првиот оглас се пријави врховниот судија Наќе Георгиев, но пред да седне на столчето во судски си поднесе оставка за да не биде пречка негвиот син Кирил Георгиев да биде избран за судија во Кривичен. Младиот Георгиев и неговите колеги, меѓу кои и неколку звучни имиња на деца на обвинители, судии и сопругата на градоначалникот на Аеродром, денеска дадоа свечена изјава во Судскиот совет.
Членовите на советот им посакаа да ја подобрат сликата за правосудството
Елена Ивановска Мукоска