Вести Македонија Најважни

Пендаровски: Идејата на Макрон е стара и не го проблематизира проширувањето

Изјавата на францускиот претседател, Емануел Макрон, не е нешто ново. Вака претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, ја оцени денеска изјавата на Макрон за потреба за реформа на Европската унија пред нејзино проширување, но со став дека идеја на Макрон никогаш не го условила проширувањето со реформирањето на Унијата.

„Макрон на почетокот на својот говор, специфично во тој дел кога зборува за внатрешно преуредување на Европската унија, вели: ’Ова што ви го кажувам сега ви го кажав и пред пет години’. Тоа е неговата стара идеја за продлабочување пред проширување или продлабочување заедно со проширување. Пред пет години. Во меѓувреме нема ниту една изјава на претседателот на Макрон во која тој вели дека Западниот Балкан, додека не го направиме ова првото – продлабочувањето, не треба да влезе. Нема ниедна изјава“, рече Пендаровски.

Пендаровски притоа вели дека потврда дека тоа е така е и изјавата на Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, кој истиот ден кога Макрон ја даде изјавата за Европа со повеќе брзини, ја утврди 2030 година како година на проширување на Унијата.

„Кој е најблизок политички пријател на Макрон и секоја голема идеја во Европа, која Макрон ја пормовира, истиот момент Шарл Мишел ја прифаќа, како што беше, на пример, минатата година Европската политичка заедница. До овој момент ниту еден од европските офисиози не рекол дека Западниот Балкан нема да влезе, ниту една од шесте држави, додека ние внатрешно не се доуредиме“, изјави Пендаровски.

Мишел пак вчера на брифинг за новинарите во Брисел 2030 како година на идно проширување ја нарече потреба, бидејќи без тоа Унијата никогаш не би била  подготвена за прием на нови членки.

„Одредувањето датум ќе ја поттикне ЕУ да се подготви, а на земјите од Западен Балкан ќе им даде конкретен рок за исполнување на нивните обврски. На тој начин изговорите веќе нема да бидат можни од ниту една страна. Едно е јасно, ако не си поставиме цел, никогаш нема да бидеме подготвени“, изјавил Мишел.

Истовремено во Брисел се стопи воздражноста на Европската комисија за коментирање на 2030 како година за ново проширување. Па така еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, ја оцени како добродојдена вест изјавата на Мишел за 2030 доколку таа е порака од Европскиот совет дека конечно сака да направи голем чекор за проширувањето да се случи.

„Не сметам дека е тоа прашање на датуми, сметам дека е повеќе прашање на волја и на испорачување. Испорачување од страна на ЕУ, но, исто така, испорачување и од страна на нашите партнерски земји на Западниот Балкан или другите три земји-кандидати. Комисијата е подготвена да даде каков било предлог за да стигнеме таму“, изјави Вархеи.

Вархеи притоа најави дека Комисијата веќе за во октомври подготвува суштински предлози за планот за забрзување не само на инститционалата туку интеграција и на  економиите и граѓаните од Заапдниот Балкан во Унијата, кој претседателката на Комисија, Урсула фон Дер Лајен, го објави пред неколку месеци во Братислава.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривичeн го одобри едниот обвинителниот акт за случајот поврзан со Онкологија- другиот за економското работење се оценува

Дејан Дејан

Пораст на врсничкото насилство во пост ковид периодот, покажа статистиката на МОН

Дејан Дејан

За основците само прва смена, од прво до петто одделение целодневна настава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе