Намалената испорака на млеко за увоз и недоволното домашно производство ќе предизвикаат млечна криза во земјава. Тоа се двете клучни причини поради кои во наредниот период млекопроизводителите очекуваат да има проблеми со снабдувањето со млеко.
Со намалување на откупната цена на млекото поголемиот дел од фармерите размислуваат за откажување. Тие спремните фармери. Ние мислам дека сме последната генерација што се знаимаваме со млекопроизводство, вели Јетон Зекмани кој е производител на млеко со генерации.
И премиерот Димитар Ковачевски потврди дека е можна криза со снабдувањето на млеко.
Се јавува недосаток во одредени регионо во светот на млеко. Тоа е секако резултат на војната што се води во Украина, рече Ковачевски.
Од Владата велат дека премиерот Ковачевски е во постојана комуникација со министерот за земјоделие Љупчо Николовски за тоа какви мерки ќе се преземат.
Заинтересираноста за производство на млеко постојана опаѓа бидејќи државата пред се е фокусирана на увозот на млеко, под изговор дека така е поевтино, смета Зекмани.
Со тие увози што ги правевме од странство ние си го уништивме нашето производство. Додека европските земји и модерните земји ги гледаат прво нивните земјоделци и нивното производство, па потоа увозното. Кај нас е обратно. Никој не води грижа за нас, додава Зекмани.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од 2017 година до денес постојано опаѓа производството на кравјо млеко во земјава. Лани биле произведени околу 324 илјади литри кравјо млеко или за 70 илјади литри помалку од 2017.
Марија Митевска