Вести Македонија

Командирот Димитријевски и тројца полицајци осудени за бегството на Мемети од затворот Идризово

Командирот Срѓан Димитријевски и двајца затворски полицајци од „Идризово“ кои признаа вина за бегството на затвореникот Беким Мемети се осудени на казна затвор, додека еден нивен колега доби условна казна. Командирот Димитријевски и затворскиот полицаец Трајче Ацковски се осудени на по 3 години затвор, а третиот затворски полицаец е осуден на една и пол година затвор за делото „противзаконито ослободување лице лишено од слобода“.

Планот за бегството на Мемети започнал ноќта на 12 јануари годинава, кога осуденикот си ја расекол раката и пријавил повреда. Тогаш се вклучил командирот во КПД Идризово, Димитријевски кој издава наредба осуденикот да се пренесе на Клинички.

Беким Мемети, со врзани раце, не еднаш туку два пати пукал во комбето – затворските чувари негираат дека му помогнале да избега

 

Мемети за време на транспортот во комбето на затворската полиција го одзел пиштолот на затворскиот чувар и го ранил со неговото службено оружје. Во близина на инцидентот го чекал  друг автомобил со кој избегал.

Мемети беше осуден на повеќе од 20 години затвор за убиство и други кривични дела. Убиството било извршено во 2016-та година во тетовска Мала Речица. Тој првично бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година бил уапсен во Берлин во Германија по што бил екстрадиран. Му била повторена постапката и повторно бил осуден на долгогодишна затворска казна.

Командирот Димитриевски и претходно како вработен во МВР, бил во судир со законот поради коруптивно дело.Тој е еден од петмината полициски инспектори против кои во 2011-тата година почнало судење за примање поткуп кое правосилно завршило во 2018 година. Според пресудата, на скопјанец му побарале 2.500 евра за да не му поведат кривична постапка. Ова му било соопштено во полициската станица „Бит Пазар“, каде оштетениот бил повикан на сослушување од Димитријевски и неговиот колега.

Сшпред информациите на Телма, затворските чувари признале вина само за делото помагање, додека за примен поткуп за бегството не го признале делото поради што судењето за тој дел од обвинението ќе продолжи.

Избеганиот затвореник Беким Мемети осуден за убиство во Мала Речица, бил екстрадиран од Германија пред 2 и пол години

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривичниот суд соопшти дека обвинителниот акт за случајот поврзан со Онкологија е одобрен

Дејан Дејан

Трамп потпиша забрана за влез во САД за државјани од 12 земји со цел „заштита на Американците од опасни странски туристи“

Дејан Дејан

(фото)Возрасна морска желка по име Дили Дејли повторно вратена во водите на Атлантскиот Океан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе