Вести Свет Топ вести

Гутереш: На Русија и предложивме обнова на договорот за жито, нејзините барања ги земавме во предвид

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш во писмо до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров презентираше серија конкретни предлози за обнова на Црноморскиот договор за жито. Гутереш наведува дека рестартирањето на овој договор е од големо значење.

Тој истакна дека тоа е Иницијатива која е многу важен придонес кон целите на ОН за безбедност на храната, како што се намалување на цените и создавање услови за пристап до светските пазари на многу земји, особено на земјите во развој. Тој додаде дека ОН ги зеле предвид барањата на Русија.

„Имаме некои конкретни решенија кои ќе овозможат поефикасен пристап на руската храна и ѓубрива до глобалните пазари по соодветни цени. Сметаме дека ОН претставија предлог што може да биде основа за обнова, но обнова која мора да биде стабилна“, рече Гутереш.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Херцог: Американскиот напад врз иранската нуклеарна програма е храбра и историска одлука

Дејан Дејан

МААЕ ќе одржи итен состанок по американското бомбардирање на иранските нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Експертите очекуваат нов раст на цената на нафтата по ексалацијата на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе