Култура

44 ИФФК „ Браќа Манаки“ со рекорден број ѕвезди кинематографери од светот

Добриот глас за Фестивалот на филмската камера „ Браќа Манаки“ се шири по светот и затоа годинава ќе има најголем број ѕвезди до сега, меѓу светски докажаните кинематографери, кажа директорот на фестивалот Мони Дамевски. На 44 издание на фестивалот, што ќе се одржи во Битола, од 23 до 29 септември под мотото „ Прекрасното непознато“, ќе дојдат двајца оскаровци и двајца номинирани за оваа престижна награда на Американската филмска академија. Меѓу нив е Питер Бижу, лауреат на наградата „ Златна камера 300 за животен опус“. A, ќе бидат прикажани повеќе од 70 филмови, распоредени во неколку натпреварувачки програми. Во главната програма се 12 филмови, кои наспроти доминацијата на технологијата денес, раскажуваат егзистенцијални човечки приказни.

  • Се свртевме кон филмови кои се бават со човечки теми и со обични луѓе, во светот во кој што мобилниот телефон станува доминантна играчка, не само на возрасните туку и на децата.Годинава имаме двајца оскаровци, од кои едниот е овогодинешниот добитник на Оскар,  Џејмс Френд, кој ни доаѓа во Битола. Другиот е добитникот на наградата за животен опус, Питер Бижу. „ На Западот ништо ново“ е неговиот филм кој годинава го доби Оскарот за фотографија. Шејмас Мекгарви е Ирец од Обединетото кралство, кој е најверојатно еден од петте најголеми имиња во светот на кинематограферите, денес. Номиниран за Оскар е и Лорен Шер , исто така кинематографер – Американец, кој вам ви е познат по филмовите „ Џокер 1“ и „ Џокер2“, кажа директорот на фестивалот „ Браќа Манаки“, Мони Дамевски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одржана премиерата на „ Кататонија“ во МНТ, а театарот награден на „ Стеријно позорје“

Дејан Дејан

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“

Дејан Дејан

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе