Uncategorized Одбојка Спорт

Триумфален старт на македонските одбојкари на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација со победа го отвори настапот на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Јошко Миленковски  со триумфот над Данска од 3:1 по сетови 22:25, 25:22, 25:29 9 25:22 го направија првиот чекор кон пласман во елиминациската рунда на континенталниот шампионат.

Во првиот сет се водеше неизвесна битка за секој поен, но тој на крајот им припадна на Данците.

Идентична беше сликата во продолжението од натпреварот, но овој пат македонските одбојкари беа далеку посигурни и успеаа да го решат во своја полза и да израмнат на 1:1.

Во третиот сет игравме извонредно и уште на самиот старт имавме предност која ја задржавме до крајот и во завршницата од дуелот влеговме со водство од 2:1.

Неизвесноста продолжи и во четвртиот сет во кој Данците беа во постојана предност, а во финишот водеа со 19:17.

Во тој момент се случи пресврт, нашите одбојкари стигна до предност од 24:22, а веднаш потоа и да стигнеме до поен кој ни донесе голема победа и триумфален старт на Европскиот шампионат.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Развој на наменска индустрија за да се ќари од зголемените трошоци за одбрана

Дејан Дејан

ТИСИОН – КИНОТО ОД АТИНА – сабота, 28 јуни 2025 -17:05

Дејан Дејан

Кочоска – Димитриеска за Телма: ЕБРД изразила интерес за финансирање на пругата од Табановце до Гевгелија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе