Македонската машка одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот во арената Борис Трајковски ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство.
Нашата селекција за прв пат во историјата на едно големо натпреварување ќе игра на домашен терен и тоа е одлична можност конечно да го реализираме сонот, а тоа е пласман во елиминациската фаза од континенталниот шампионат.
За да ја исполниме примарната цел вечерва ни е потребна победа во дуел со добро познат ривал со кој често пати се среќававме во европските лиги.
За нашиот состав ова е трето учество на Европските шампионати и ниту еднаш не ја минавме првата фаза и токму овој настап на домашен терен е прекрасна можност за цела генерација која ка донесе македонската одбојка на големата сцена.
Покрај Данска дел од нашата група се уште селекциите на Црна Гора, Чешка, Холандија и Полска.
ФОТО: Игор Паневски