Вести

Граѓаните изложени на лоша миризба поради депониите, а овластените инспектори не дејствуваат-под влијание се на градоначалниците

И во летниот период на високи температури луѓето се изложени на чад и лоша миризба поради палењето на нестандардни комунални депонии, ѓубришта на јавен простор и палење на земјоделски стрништа. Граѓаните постојано се изложени на отровен воздух, а со тоа се зголемува и ризикот од добивање болести на дишните патишта. Со комуналните депонии управуваат општините, но овластените инспектори не алармираат за загадувањето и не постапуваат соодветно затоа што се платени од општините, обвини директорот на Државен инспекторат за животна средина Стојковски.

-Повеќе студии покажаа дека овластените инспектори за животна средина не постапуваат соодветно,  веројатно затоа што се платени од општината па имаат проблем независно да дејствуваат. Затоа доставивме барање преку Министерството за животна средина по барање на Владата со предлог да се направи единствен инспекциски систем на државно ниво, со цел никој да не е под влијание на градоначалниците, вели Сретен Стојковски, директор на Државен инспекторат за животна средина.

Од општините реагираат дури неколку дена по палењето на депониите. Решение за овој проблем постои. Потребно е изградба на регионални центри за одржливо управување со отпадот според европски еколошки стандарди и примарна селекција.

-Мора да се направат регионални санитарни депонии-тоа е решението. Освен тоа ќе биде потребна и поголема свест кај граѓаните да прават примарна селекција, додаде Стојковски.

Речиси триесетина години нема изградено ниту една санитарна депонија, а од почетокот на оваа година изречени се казни во висина од 556.000 евра за загадување на животната средина.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велика Британија размислува за правни мерки против Абрамович поради замрзнатите средства од продажбата на „Челси“

Дејан Дејан

Собранието станува безбедносна зона

Дејан Дејан

ОЕЦД ја намали проекцијата за глобалниот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе