Вести Македонија Топ вести

Паралелки со 10 првачиња, среднисти само шест – падот на наталитетот и исселувањето ги празни училиштата во Битола

Оваа учебна година во училиштните клупи во битолските основни училишта ќе седнат 720 првоодделенци, наместо 950 деца според списокот на запишани во книгата на родените што го достави МВР во Општината. Драматичната разлика од 230 деца покажува дека тие најверојатно веќе не живеат во Битола. Иселувањето и падот на наталитетот се очекува и во иднина да го намалува бројот на ученици, велат од училиштата.

„Најмногу се иселуваат младите. Тие се новите родители кои имаат првачиња кои требаше да се школуваат во Македонија. Но, тие се повеќе бегаат од државата и нивните деца се школуваат надвор од Македонија. Ние се соочуваме со сериозен проблем со намалувањето на првачиња. Според нашите статистиките и во наредните години се очекува намалување на бројот на првачиња за 13 проценти“, вели Никола Пискачев, директор на ОУ „Стив Наумов“ од Битола.

Најдраматично е во училиштата во строгиот центар на градот, каде се формираат паралелки со 10 до 14 првачиња, а уште позагрижувачки се бројките во руралните средини. Поради ваквата состојба веќе десетина години училиштата бараат дозвола од Советот на Општината да формираат паралелки со помал број од законски предвидениот минимум од 20  ученици. Во спротивно, ќе треба да се отпушта наставен кадар, наведуваат директорите на училиштата во нивните барања до Советот кои ќе се разгледуваат на седницата закажана за в среда.

„За учебната 2023/24 година бараме согласност за паралелки со помал број на ученици, согласно Законот за основно образование. Се надеваме дека ова прашање ќе биди разрешено во корист на училиштето и на неговите вработени, како би го избегнале големиот број на технолошки вишок“, се наведува во барањата од училиштата до Светот на Општина Битола.

Но, просветните работници не ја кријат загриженоста за својата професија доколку продолжи овој тренд на иселување.

„Можеби ќе имаме се помалку нови вработување во училиштата, бидејќи треба да се направи некоја реорганизација за да се задржат тие што се. Со овој тренд, во иднина професијата наставник ќе биде неблагодарна, бидејќи ќе нема каде да работат наставниците, затоа што ќе нема доволно ученици“, вели Пискачев.

Поразителни се бројките и во средните училишта, каде со години наназад опаѓа бројот на ученици. Во средното земјоделско во прва година се запишаа само 6 ученици. Но, и останатите средни битолски училишта, каде во минатото се водеше битка за запишување, сега бараат согласност од Советот за формирање паралелки под законскиот минимум од 25 ученици.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен пресече: Нема резидентно и нерезидентно население на попис

Дејан Дејан

Нов меѓународен трибунал за гонење на високи руски функционери- и Путин ќе биде изведен пред суд, вели Зеленски

Дејан Дејан

САД не успеаја да постигнат ништо значајно, целта им беше да се предадеме, а не нуклеарната програма – прво обраќање на ајатолахот Хамнеи по воздушните удари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе