Вести Македонија Топ вести

Љубојна, Саша Ковачевиќ, Даниела Мартиновиќ, Амадеус бенд – богат музички хепенинг за штипска „Пастрмајлијада“

Штипската „Пастрмајлијада“ на 22 и 23 септември ќе се одржи по 15 пат. На промоцијата на познатиот брендиран кулинарски бренд ќе настапат македонски, но и балкански ѕвезди.

Вкупниот буџет со кој што ќе ја анимираме штипската публика, но и посетителите од страна, за промоција на штипската пастрмајлија на најдобар можен начин е 2,5 милиони денари, средства кои што се обезбедени и од буџетот на општината и од спонзорства од општествено одговорни компании“, Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Сè уште не се знае по која ќе цена ќе продава штипската пастрмајлија и колку штандови ќе има. Деталите ќе се утврдат на состанок со угостителите.

„Водејќи се по показателите од претходната година, кои укажуваат дека рејтингот и посетеноста на „Пастрмлијадата“ се покачи на едно повисоко ниво, очекуваме да има повеќе од 30 штандови, односно, угостители кои ќе ги продаваат своите продукти“, вели Александар Арсовски, одговорен за „Пастраајлијада од Општина Штип.

На „Пастрамалијадата“ на 22 септември ќе настапи Саша Ковачевиќ, а на 23 септември (сабота), Амадеус бенд, Љубојна и хрватската пеачка Даниела Мартиновиќ. Организаторите најавија дека овој концепт ќе се напушти, наредната година планираат и нова локација.

„Веќе од догодина подготвуваме нов концепт, нова локација, која за граѓаните ќе биде позната од догодина, кога ќе се организираат сите детали за новиот коцепт за одржување на штипска Пастрмалијада“, додава Јорданов.

Штипската „Пастрамајлијада“ носи и добар профит на локалната економија, а за оваа година предвидено е џиновска пастрамајлија и натпревар во брзо јадење.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен пресече: Нема резидентно и нерезидентно население на попис

Дејан Дејан

Нов меѓународен трибунал за гонење на високи руски функционери- и Путин ќе биде изведен пред суд, вели Зеленски

Дејан Дејан

САД не успеаја да постигнат ништо значајно, целта им беше да се предадеме, а не нуклеарната програма – прво обраќање на ајатолахот Хамнеи по воздушните удари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе