Максимално расположен, со одлична кондиција и во добра состојба. Али Ахмети можеби имал здравствени потешкотии, како што се шпекулираше во изминатиот период, но лидерот на ДУИ е, веројатно, далеку од сериозен проблем.
На таков заклучок упатува неговиот свадбен перформанс. Првиот човек на интегративците беше меѓу гостите на семејната прослава во семејството Буши. Во еден момент се фати да игра и тоа го правеше прилично темпераментно како што може да се види од видео снимката која кружи на социјалните мрежи.