Се лизгаат куќи, се уриваат згради. Индија се соочува со масовни свлечишта по монсунските дождови што ја зафатија. Најтешка е состојбата во индискиот дел на Хималаите – најмалку 72 лица го загубија животот во поплави и лизгање на земјиштето оваа недела предизвикани од монсунските дождови во индискиот регион на Хималаите.
Спасувачите во планинската држава Химачал Прадеш работат во многу тешки услови за да ги спасат луѓето заробени под кал и земја по обилните дождови изминатиот викенд.
Метеоролозите најавија дека врнежите ќе продолжат и во наредните денови.
Стотици патишта се затворени за сообраќај, училиштата не работата, а во некои места се врши евакуација на населението, особено од пониски области.. Спасувачките екипи вложуваат натчовечки напори за извлекување на луѓе од калта и од под урнатините.. Индиската метеоролошка служба прогласи тревога и најави дека силните врнежи ќе продолжат и во наредните неколку денови.