Осум луѓе, меѓу кои и македонски војници, се затруле со гас при испумпување на вода од подрумски простории на културниот центар „Чрна“ во Корушка, јави словенечката државна телевизија.
Според Роберт Карот, главен медицински офицер во словенечката армија, на јаглерод моноксид биле изложени 32 лица од кои 18 припадници на македонската армија, шест на словенечката армија и осум пожарникари.
Прва помош им била пружена на лице место и, според проценките на Карот, ниту еден од нив не е во животно загрозувачка состојба. Двајца македонски војници, заедно со уште пет нивни словенечки колеги и еден пожарникар биле пренесени со хекилоптер во бопниците Љубљана, Марибор, Тополшица и Словенија Градец.
Минатата недела, по катастрофалното невреме и големите поплави во Словенија, Северна Македонија испрати контингент од 100 војници и опрема како помош на словенечките екипи.