Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 22°C, а максимумот од 30до 38°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
11 Лазарополе, 12 Берово, 13 Попова Шапка, Маврови Анови, 14 Битола, 15 Охрид, 16 Крушево, Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Претор, 18 Виница, Скопје-Петровец, 19 Куманово, Штип, 19 Струмица, Кавадарци, 20 Демир Капија, 21 Велес, 23 Гевгелија.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 21.0, Дојранско Езеро 25.5
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/