Патот од Косово не води директно кон Тетово, но косовските политичари во широк лак неделава го заобиколија Скопје и владата. Косовскиот министер за транспорт вчера, исто како и неговиот премиер Курти во петокот, не се сретна со официјални лица. Замина директно во Мала Речица, каде со партиски лидер преговараше за пат Тетово – Призрен, што и физички ќе ја отстрани непријатноста од заобиколувањето на владината зграда.
Министерот Бочварски, кој не се појавува во јавност ниту за автопатиштата што ќе ги гради „Бехтел и Енка“, за меѓусоседскиот пат вчера кусо ни одговори дека овојпат немале време да се сретнат со косовскиот колега, но се чуле телефонски и го поканил да се сретнат во некоја друга прилика. Премиерот, пак, во ова не гледа ништо спорно.
За Ковачевски, Курти кој дојде на покана на опозициските партии на Албанците, бил злоупотребен во дневно-политички цели. Ги потсети организаторите на настанот каде се вееше знаме на „Голема Албанија„ дека, архаичните концепти од времето на национал-романтизмот за големи држави на балканот се завршена работа, особено затоа што сега сите балкански држави се во НАТО.
Далиборка Демјанска Цветановска