Вести

Јулската плата исплатена – протестот на ЈСП откажан

По повеќечасовен напор за исплата на јулската плата, вработените на ЈСП ќе добијат плата а протестот кој што беше најавен за утре се откажа. Синдикатот на ЈСП денеска имаше средба во градот Скопје, а на која синдикалците на маса ги ставија проблемите на вработените во ова претпријатие. Миќо Стојановски за Телма вели од градот им ветиле исплата на јулската плата за денеска, но сепак вели останува да почекаме за да видиме дали за утре би организирале протести. Според извори на Телма од ЈСП, вработените во ова јавно претпријатие ќе добијат плата денеска. Инаку синдикатот на ЈСП како проблем го истакна и намалениот број на шофери и сервисери. Си заминале над 150 возачи а бројката вели Стојановски ќе продолжи да расте. Синдикатот повеќе пати алармираше и бараше навремена исплата на платите, а во октомври минатата година за прв пат од формирањето на ЈСП излегоа на протест пред Владата а граѓаните останаа без јавен градски превоз.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе