Вести Македонија

Саем за работа во „Бехтел&Енка“ – се бараат 2.000 работници, на некои од кандидатите не им пречи ниту 60 часа работно време

Како на регрутација за во војска, ама униформата ќе биде работна со симболот на „Бехтел&Енка“, а платата од овој конзорциум, со пари од државниот буџет. Наместо со лопата и црвена машничка, проектот Коридор 8 и 10 Д, речиси половина година по потпишувањето на договорот, почна со саем за вработување. Засега не се открива колкава точна бројка на вработени им треба и кои компании ќе чепнат од бизнисот вреден околу милијарда и триста милиони евра.

Секако тука да припомогне е и првиот вицепремиер, задолжен за проектот.

Интерес меѓу граѓаните имаше, но не и да се каже нешто пред камерата на Телма, а еден од анкетираните дури тврдеше дека не е битно дали ќе работи 40 часа неделно како што е по закон, или 60 часа и повеќе како што инсистираше американско-турскиот конзорциум.

Најбитното прашање е кога ќе почне изградбата. Од „Бехтел&Енка“ одговараат, се прави планот за експропријација, а прецизен одговор нема, се бројат недели.

Граѓаните очекуваа дека за неколку недели ќе се решат и спорните прашања во договорот за надзор во кој учествуваат домашни фирми со никакво искуство во градежништво и луѓе кои се на потерници за кривични дела поврзани со градежништво, како и спорната одредба за предолга работна недела, за што повторно ќе расправа и Уставниот суд. Сè уште се чека на резултати за расчистување на контроверзите со овој проект кој треба да заврши за помалку од пет години и во тој период Македонија да добие околу 109 километри нов автопат.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе