Вести Македонија

Млечните производи со повисоки цени, но свинското месо нема да поскапи, уверуваат од здруженијата за свињарство

Од фармите и магацините кон маркетите цената засега иста, но најавите се дека во иднина цените на сирењето, кашкавалот, јогуртот  ќе растат. За колкав скок засега производителите не откриваат, но за Tелма ја потврдија информацијата. Откако се укина мерката за замрзнување, сега цената на производите ја одредуваат трговците и маркетите. Во обиколката што ја направивме низ големите маркети забележавме дека цените полека одат во нагорна линија. Најевтиното млеко е над шеесет и пет денари, јогурт се продава по цена под 70 денари која најчесто може да се најде само ако производот е на акција. Најевтиното сирење и кашкавал изнесува околу петстотини денари килограм. Кременадлите, ребрата, меленото месо и останатото свежо месо останува со иста цена тврдат од Здруженијата за свињарство.

Двете здруженија на производители на свињи, кои го обезбедуваат во потполност пазарот на свежо свинско месо преку задоволување на домашните потреби од месо од повеќе од 100%, цврсто стојат на ставот дека нема место за криза и грижи, се додека суверено со сопствени сили го задоволуваме нашиот пазар со виско-квалитетно македонско свежо месо наменето за конзум, велат од здруженијата за свињарство – Македонско прасе и Гицко

На почетокот на август домашните месо преработувачи бараа намалување на царините за замрзнато свинско месо наменето за преработка. Истакнаа дека тоа им е неопходно за да не стават клуч на врата.

Според државната статистика храната за една година поскапела за 12%. Нејзиниот раст се очекува да се зголеми и во иднина затоа што ДДВ-то на одредени продукти од септември ќе се зголеми од 5 на 10%, но за кои производи не се знае се уште.

 Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конститутивната седница на косовското Собрание прекината по 39-ти пат

Дејан Дејан

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун

Дејан Дејан

Мерц не сака повторно отварање на гасоводот „Северен тек 2“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе