Вести Македонија

ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ ВО ЛОЗОВО

Пожарот во месноста Кишински Рид во атарот на с. Дурфулија, Општина Лозово е локализиран и очекуваме набргу да биде изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи. Трите ер трактори на ДЗС и двата полициски хеликоптера престанаа со дејство. Голема благодарност до храбрите пилоти како и до пожарникарите од ТППЕ Свети Николе и ТППЕ Велес како и Доброволното ПП друштво од Свети Николе и Национални Шуми продолжуваат, кои остануваат на терен за догаснување на остатоците од пожарот.

„Денес околу 13 часот во атарот на општина Лозово изби голем пожар во борова шума. Поради опасноста од ширење на пожарот која ја претставува ветерот што дуваше, ангажирани се три ер-трактора, како и два полициски хеликоптера кои со брзо и прецизно дејство успејаа делумно да воспостават контрола над пожарот. За жал во долот пожарот е се уште активен и може да дојде до смреки кои се уште полесно запаливи“, вели Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц не сака повторно отварање на гасоводот „Северен тек 2“

Дејан Дејан

Алиу: Мој термин ќе добие јасно дефинирани протоколи за упатување на пациенти кај стручни медицински лица

Дејан Дејан

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе