Вести Најважни Свет

Обид за менување на изборни резултати, фалсификување и рекет – четвртa тужба против Трамп

Големата порота во сојузната американска држава Џорџија денеска го обвини Доналд Трамп за обид за менување на резултатите од изборите во САД во 2020 година, јавија британските медиуми. Ова е четврто обвинение против поранешниот американски претседател во оваа година.

Тужбата, поднесена во Окружниот суд Фултон, од обвинителката Фани Вилис, може да ги продлабочи проблемите со правдата на Трамп, кој е водечки кандидат за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година, додаваат британските медиуми.

Обвинителите поднесоа 11 обвиненија против Трамп и неговите соработници, вклучително и фалсификување и рекетирање од страна на организирана криминална група.

Обвиненија се покренати и против 10 соработници на Трамп, вклучувајќи ги и неговите поранешни адвокати Руди Џулијани и Џон Истман, и поранешниот шеф на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоус.

Тужбата се темели на телефонски повик од 2 јануари 2021 година во кој Трамп го притиска највисокиот изборен функционер во државата Џорџија, Бред Рафенспергер, да „најде“ доволно гласови за да ја поништи неговиот тесен изборен пораз во државата. Рафенспергер одби да го стори тоа.

Четири дена подоцна, следеше бура во Капитол, во која гневните поддржувачи на Трамп се обидоа да ја спречат конгресната потврда за победата на Џо Бајден, потсетуваат британските медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе