Вести Македонија

Обединета национална платформа на Албанците најнова идеја во опозицискиот натпревар

Обединета национална платформа на Албанците е најновата идеја во купот што исплива на површина откако знамето на „Голема Албанија„ се развеа во Тетово, а државните симболи беа игнорирани иако на настанот беше и косовскиот премиер. Вчера од Алтернатива изјавија дека не постои Албанец што ќе ја испее македонската химна и бараа промена на државните симболи, но од БЕСА денеска отидоа и чекор подалеку.

Партиите од албанскиот политички блок не само што не се оградија, туку отворено најавуваат дека непочитувањето и понатаму ќе се случува. Неизвесно е и дали воопшто некој ќе понесе одговорност за игнорирањето на државните симболи.

Четири дена по настаните во Чаир и Тетово, тетовската полиција се` уште го бара лицето кое го вееше контроверзното знаме. Ниту повикот на претседателот Пендаровски за санкционирање на градоначалниците на Чаир и на Тетово, не ги помрдна институциите. Обвинителството чека кривична пријава за да преземе нешто.

Курти вчера се огради од случувањата, велејќи дека Македонија ја смета за сојузник, а средбите во Чаир и Тетово не биле насочени кон никого. Но, од БЕСА денеска појаснија дека неговата идеја за засилена меѓусоседска соработка меѓу Македонија,Бугарија, Албанија и Косово има единствена цел-борба против многу големото, според нив, српско, односно руско  влијание на Балканот.

Албанските аналитичари толкуваат дека целта на Курти е да го прошири своето влијание меѓу Албанците во регионот. Според нив, тој се обидува да направи идеолошка коалиција, надвор од државниот протокол, но само создава кризи во односите со соседите, експлоатирајќи ја албанската заедница.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе