Одеса ноќеска беше мета на нови руски напади. Неколку објекти се опожарени и оштетени, иако украинските власти објавија дека противвоздушната одбрана ги соборила сите 15 дронови и осум ракети од типот „Калибр“ кои биле лансирани кон пристаништниот град на југот на Украина.
Според регионалниот гувернер на Одеса, падот на остатоци од дроновите оштетиле студентски дом, станбена зграда и супермаркет во градот. Двајца лица се хоспитализирани, додека се трага по уште повредени во нападот.
Додека Украина го расчистува теренот во Одеса, по ноќните напади, во соседна Полска се уапсени двајца руски државјани кои делеле пропагантен материјал за „Вагнер“. Според полскиот министер за внатрешни работи, двајцата Руси се обвинети за шпионажа, не наведувајќи притоа докази за материјалите за кои се уапсени во Варшава и во Краков.