Вести Македонија

21-годишно момче загина, а тројца негови врсници се тешко повредени-зголемен број на сообраќајни несреќи

Распарчен автомобил заглавен во банкина. Ноќеска по полноќ се случила тешка сообраќајна несреќа. 21- годишно момче загина, а уште тројца негови врсници се тешко повредени.

Синоќа околу 1:30 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека Ауди со кривопаланечки регистарски ознаки излетало од патот Крива Паланка-Ранковце. Возачот починал на лице место, а три лица се повредени на кои им е укажана помош во болницата во Куманово, вели Тони Ангеловски, портпарол на Министерство за внатрешни работи.

Полицијата ќе истражи кои се причините за последната несреќа во која сите 4-ца настрадани се млади возачи. Анализите на МВР покажуваат дека најголем дел тешки сообраќајни несреќи со настрадани настануваат поради брзото возење, непочитување на сообраќајните правила, но и поради состојбата на патиштата. Но наместо да се намалуваат, бројот на трагедиите се зголемува, а се зголемува и бројот на казни за голема брзина.

Само во текот на вчерашниот ден биле санкционирани 435 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената. Девет од нив се возеле дури и со над 70 километри на час.

-Сите анализи говорат дека најчесто во летниот период поради зголемениот сообраќај имаме и зголемен број на сообраќајни незгоди со тешки последици. Особено сме насочени кон санкционирање на брзото возење затоа што според сите анализи тоа е причина за сообраќајни несреќи со тешки последици, додава  Ангеловски.

Во бизарна сообраќајна несреќа настрада и пенизонер кај Катланово, кој тргнал на протестите во Скопје. При пауза на паркинг, тој тргнал кон коловозот по грешка, како што кажуваат неговите сопатници и на автопатот бил удрен од возило по што починал. И полицијата и експертите апелираат за поголема внимателност во сообраќајот затоа што тоа е единствениот сигурен начин за избегнување на несреќи и жртви.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола – жителите револтирани од изградбата на новиот булевар

Дејан Дејан

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе