Вести Најважни Свет

Во пожарите на Хаваи загинаа најмалку 36 лица

Шумските пожари што го зафатија островот Мауи оставија пустош зад себе. На некогаш прометните улици полни со туристи во градот Лахаин на Хаваи сега лежат пеплосани возила и купишта урнатини од изгорените историски градби. Расте и билансот на загинати, а до сега потврдени се 36 жртви. Пламените јазици кои опасно се ширеа во текот на ноќта принудија голем број луѓе да бегаат во океанот за да се спасат од стихијата. Пожарите беа дополнително поттикнати и од силните ветрови од ураганот Дора кој поминуваше на југот и зафати делови од островот.

Имав можност да летам со крајбрежната стража ова попладне за да ги видам разорните уништувања од прва рака, само прелетавме над Кихеи и продолживме да ги гледаме пламените јазици и од прва рака го видовме влијанието врз Лахаин и градот Лахаин, беше толку шокантно и разорно. Изгледа како целиот град да е уништен, вели Силвија Лук, Поручник-гувернерот на Хаваи.

Официјални лица претходно изјавија дека 271 градба биле оштетени или уништени, а десетици луѓе се повредени.

На Западен Мауи, нема струја. Тимот на генералот Хара ќе врши проценки во областа, но во моментов, некои од патиштата сè уште се затворени. Затоа е тешко да се стигне до хотелите за да се открие каква е навистина ситуацијата, вели Џејмс Токиока, директор на одделот за бизнис.

Од смртоносните шумски пожари покрај локалното население беа погодени и илјадници патници и туристи. На главниот аеродром во Мауи, беа засолнети 2.000 патници. Од островот евакуирани се 11 илјади лица, а во нивното извлекување помагаат голем број американски авиокомпании кои ги испратија своите најголеми летала за да се обезбедат што е можно повеќе места за патници.

Одлично се забавував и отидов на плажа, а потоа се вратив и слушнав дека патиштата се затворени. Можевме да ги видиме пожарите од далечина. Беше навистина страшно, раскажува Кејли Даглас, патник од Бостон.

Всушност, летово сакавме да одиме во Грција, но таму има многу шумски пожари. Затоа не отидовме во Грција поради шумските пожари, потоа дојдовме овде и сега и овде има шумски пожари, велат Мајк Меги и Емили Литл, патници од Канада.

Во моментов се уште не може да се утврди точната причина за пожарот, но голем број фактори, вклучително силните ветришта, ниската влажност и сувата вегетација придонеле за негово брзо ширење. Експертите исто така велат дека и климатските промени ја одиграле својата улога во зголемување на веројатноста за поекстремни временски услови.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

СДСМ објави листа на 19 кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе