Убиецот на навивачот на АЕК во Атина е уапсен, велат најновите информации од Грција. Според медиумите, станува збор за добро познат навивач на Панатинаикос кој е добро познат на грчката полиција. И тој, како и убиениот Михалис Кацурис, има 29 години, со богато криминално досие и кој веќе има служено затворска казна. Последните шест месеци бил условно пуштен на слобода.
Повикувајќи се на извори во грчката полиција, уапсениот навивач на Панатинаикос изби на врвот на осомничени и меѓу оние е на кои им е земен отисок од прсти и ДНК примерок. Сепак, во меѓувреме стигнуваат извештаи дека поради бројните и различни убодни рани, полицијата се сомнева дека во убиството на Кацурис учествувале повеќе лица.
Во навивачкиот хаос во понеделникот во Атина, во пресрет на натпреварот меѓу АЕК и Динамо Загреб, беа уапсени вкупно 104 лица од кои 97 хрватски државјани. Меѓу нив и се и тројца навивачи на Панатинаикос на возраст меѓу 22 и 29 години.
Дел од уапсените навивачи вчера беа изнесени пред судот, дел ќе бидат денеска, а дел утре. Против нив ќе бидат поднесени обвиненија за четири кривични дела и за седум прекршочни Неколкумина хрватски државјани се веќе пуштени од притвор, оние, пак, кои остануваат се соочуваат со казнените дела – убиство од небрежност, поседување на експлозивни направи, здружување во злосторничка организација и предизвикување на експлозии.
Прекршочните дела се однесуваат на нарушување на јавниот ред и мир, нанесување и обид за нанесување на повреди, уништување на имот, насилство на спортски настан, нелегално носење на огнено оружје, употреба на оружје и поседување на димни бомби. Полицијата сè уште трага по 20-тина хрватски хулигани кои ја немаат напуштено Грција за убиството на 29-годишниот Михалис Кацурис.
Солунски ПАОК, пак, вечерва му гостува на Хајдук во Сплит. Спортскиот настан, а особено крвавите настани во Атина, се причина за хрватската полиција да воведе посебен режим на границата, пред се во делот кон БиХ и Црна Гора. И за денешниот меч важи забраната на УЕФА за гостински навивачи, па полициски сили ќе канализираат патници за кои ќе утврди дека се фудбалски фанови и нема да им дозволи влез во земјата.
Сашко Димовски