Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го разреши воениот генерал и повика на „целосни воени подготовки“. Началникот на Генералштабот Пак Су Ил беше сменет со вицемаршал Ри Јонг Гил, според официјалниот извештај.
Новинската агенција КЦНА објави дека Ким ги дал коментарите за време на состанокот на највисоките воени офицери во средата. Севернокорејските државни медиуми често објавуваат вести следниот ден откако настаните ќе се случат.
Состанокот, исто така, ги опфати подготовките за „парадата на милициите“ по повод 75-годишнината од основањето на севернокорејската држава, која се паѓа на 9 септември.
Состанокот се случи само неколку дена откако беше прикажано видео на кое Ким посетува фабрики за производство на воена опрема и пред следната рунда заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја.