Вести Свет Топ вести

Словенија го прогласи 14 август за Ден на солидарноста

Владата на Словенија одлучи да го прогласи понеделник, 14 август, за ден на солидарноста.

Граѓаните ќе добијат слободен ден за да помогнат во санирањето на штетите од поплавите.

Во видеообраќање објавено на Инстаграм, премиерот на Словенија Роберт Голоб рече дека во последните денови има многу иницијативи и предлози од граѓаните во врска со катастрофалните поплави.

Трговско-индустриската комора на Словенија ја критикуваше ваквата одлука, наведувајќи дека денот на солидарноста ќе создаде дополнителни трошоци за компаниите во другите делови на земјата и дека ќе биде подобро наместо слободен ден, владата да нареди дневниот трошок за труд да се донира за помош на ранливите.

Поплавите што ја погодија Словенија на крајот на минатата недела се прогласени за најголема природна катастрофа од независноста.

Две третини од земјата беа уништени, многумина ги загубија своите домови, а шест лица ги загубија животите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинетите ексдиректори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат во ефективен притвор

Дејан Дејан

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе