Вести Свет Топ вести

Франција ја губи доминацијата во Африка, расте влијанието на Русија, Кина и САД

Неуспесите на Париз на полето на воената, политичката и културната соработка со Африка доведоа до интензивирање на антифранцуските чувства на континентот. Ова го нотираат 92ца француски сенатори во отвореното писмо до францускиот претседател Емануел Макрон, што го објави весникот „Фигаро“.

Според нив ваквото расположение се шири и во држави како Сенегал и Брегот на слоновата коска, кои претходно како што велат беа наклонети кон Франција. Меѓувреме дел од експертите велат дека паралелно на „Црниот континент“ се повеќе расте влијанието на Русија и Кина но и на САД.

Франција веќе се соочува со ова, со ова тврдење дека тие се моќта зад тронот, тие се неоколонијално влијание во Западна Африка. И знаете, тоа очигледно предизвикува многу јавни критики за Франција во овој регион, вели аналитичарот Бенедикт Манзин.

Ситуацијата станува се поактуелна по последните случувања во Нигер каде беше извршен пуч, а демократски избраниот претседател Мохамед Базум беше сменет од стрна на водачите на пучистите. Тие денеска и покрај ултиматумот на Економската заедница на западноафриканските држави која предвидува и воена интервенција, назначија и нов премиер на земјата.

ЕКОВАС сепак рече дека воената интервенција е последна опција и дека прво ќе бидат воведени санкции и ќе се бара мирно решение. Една од тие санкции е одлуката за затворање на границите и отсекување на земјата од пристапот до стоки од соседните големи пристаништа. Тоа ќе ја натера Нигер да убезува по многу подолги и понебезбедни рути, велат аналитичарите.

„Нема патишта, затворени се границите, тоа е голем проблем. Се надеваме на брзо решение и бараме од Бог да ни донесе мир и ги вразуми нашите власти. Одлуката на ЕКОВАС за затворање на границите не е добра“, вели Адул Разак Мунтари, возач на камион.

 

„Ги повикувам работниците од Нигер да ја сфатат оваа ситуација многу сериозно, бидејќи никому од нас не му помага затворањето на границите. Ние работиме со соседните земји како Мали и Бенин, и ако границите се затворени, тоа не е добро за никого “, додава Оумару Адаму, возач на камион.

 

„Нашето население е веќе во прилично несигурна економска ситуација и ако на ова се додаде ефектот од сегашната ситуација, нашиот народ ќе биде во драстична економска состојба. Нивниот животен стандард ќе биде намален во време кога нивниот просечен приход е веќе низок“, вели претседателот на Младинските здруженија на Нигер, Исмаел Иде Сеиду.

Соборениот претседател Мохамед Базум, кој се опиша себеси како „заложник“ на воената хунта, е приведен со неговата сопруга и синот, а голем број земји од светот, меѓу кои и САД, побараа негово итно ослободување на што водачите на пучистите одговорија дека армијата е подготвена да се брани од секој надворешен притисок за враќање на соборениот претседател Мохамед Базум.

Се очекува ЕКОВАС утре повторно да се состане во Абуџа, главниот град на соседна Нигерија, за да разговара за ситуацијата во Нигер. Според аналитичарите отстранувањето на воената хунта со употреба на сила би можело да биде многу комплицирана работа.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Дејан Дејан

Граѓаните во банките најмногу се задолжиле со потрошувачки и станбени кредити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе