Ноќеска беше одбиен украински напад со 25 дронови на Крим, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека нема информации за жртви.
„Противовоздушната одбрана уништи 16 дронови“, се наведува во дописот на министерството.
Преостанатите девет, кои биле неутрализирани со електронски уреди, паднале во Црното Море, се додава во дописот.
Руските власти известија и за ниќен напад со беспилотни украински летала и на Москва. Нападот, се истакнува, бил спречен и нема жртви.
Официјалне Киев на почетокот на јуни почна контраофанзива члија цел е враќање на териториите кои ги освои Русија. Во плановите на украинските сили е враќање и на полуостровот Крим, кој е под контрола на Москва од 2014 година.