Вести Најважни Свет

(Видео) Пет загинати лица, паднати кранови, откорнати дрвја, урнати оџаци – биланс од синоќешното невреме на Балканот

Четворица загинати и преку 100 повредени во Хрватска, едно лице загина во Словенија каде се заробени над 90 планирани на Триглав, една жртва и во Босна и Херцеговина, повредени и евакуирани во Србија. Штетите од т.н. суперќелиска олуја со јачина на атомска бомба што го погоди регионот се големи, снимките се стравични. Силниот ветар носеше се пред себе.

Особено драматично беше во Хрватска. Паднати кранови и делови од кровови, искршени гранки, откорнати дрвја, урнати оџаци, скинати кабли, затрупани улици. Значителна штета е причинета и во Клиничкиот центар „Ребро“ во Загреб. Медицинските, комуналните и противпожарните служби имаа над 1.300 интервенции во различни делови од земјата.

Словенечката полиција потврди дека едно лице го загуби животот во Блед. Во прашање е млада жена врз која паднало дрво. Невремето предизвика голема материјална штета, а на подрачјето на Бела Крајина паѓаше град со големина на тениско топче.

Олујата вчеравечер зафати поголем дел и од Србија. Бројни места останаа без електрична енергија и сигнал во мобилната телефонија. Евакуирани беа 17 лица, а регистрирани се и неколку повредени граѓани. Утрово е прогласена вонредна состојба на подрачјето на Сремска Митровица. Најкритично беше во Срем, потоа во Белград, Ниш, Панчево и на други места пред олујата да продолжи кон Романија.

Додека Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија се справуваат со последиците од невремето, Грција и натаму води борба со пожарите. Најкртично е во близина на грчкиот град Мандра каде се води деноноќна битка за зачувување на шумите, на индустриски капацитети и приватен имот. Продолжува и евакуацијата на загрозените по автопатот што ја поврзува Атина со Коринт.

Пожарите изгореа голем дел од викендиците и фармите, а ветерот дополнително ги разгорува пламените јазици додека температурите на воздухот се приближија до 40 степени Целзиусови. До крајот на неделата температурите во јужна Грција се очекува да достигнат 44 степени Целзиусови, поради вториот топлотен бран што ќе го погоди југот на Медитеранот. Ситуацијата на терен е тешка, велат пожарникарите, а портпаролот на грчката противпожарна служба рече дека земјата напомош ги чека противпожарните екипи од Романија, Словачка и Полска кои би требало да допатуваат пред крајот на неделата. Распоредувањето на тимовите следи по барањето на грчките власти до Механизмот за цивилна заштита на Европската унија.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АХВ нема надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборат

Дејан Дејан

Може да излезат само дипломати и туристи – Израел им забрани на своите државјани да ја напуштаат земјата

Дејан Дејан

ОН предупредува на зголемување на жариштата на глад во светот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе