Вести Најважни Свет

(Видео)Пет жртви во невремето кое предизвика хаос во Словенија, Хрватска и Србија

Силно невреме со дожд, грмежи и ветер рано утринава го зафати главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.

Невремето започна околу 4 часот и 30 минути утринава и за среќа не траеше долго.

Најлошо беше во Брчко, каде невремето однесе еден човечки живот, а проблеми се забележани и во Бањалука, Бјелина, Приједор, Тузла, како и во други градови низ Босна и Херцеговина.

Материјалната штета предизвикана од невремето се уште се утврдува, а некои надлежни служби известуваат дека во некои градови во БиХ таа е и милионска.

Во бурата која вчера предизвика хаос во Словенија, Хрватска и Србија животот го загубија пет лица, а причинета е огромна материјална штета. Силниот урагански ветер носеше се пред себе, кршеше прозорци и покриви, фрлаше контејнери, корнеше дрвја и уриваше кранови. Експертите ја споредуваат силата на оваа бура со јачината на атомската бомба, а сите се согласуваат дека никогаш не виделе ваква бура.

Познатиот пензиониран климатолог Звонимир Катушин за српските медиуми изјави дека никогаш не видел невреме како она што прво го опустоши Загреб, а потоа и Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Моментот е тука и ве молам да го зграпчите“ порача министерката за европски прашања на Данска

Дејан Дејан

Генералниот секретар на Собранието се уште без одговор за висината на патните трошоци на пратениците

Дејан Дејан

Бројот на загинати во нападот врз Киев се искачи на 21 лице

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе